Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум демонстранти признаа вина и добија условни казни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седум демонстранти признаа вина и добија условни казни

УСЛОВНИ КАЗНИ ЗА СЕДУМ ДЕМОНСТРАНТИ

На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години.

Тие беа обвинети за учество во толпа и дека фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Обвинетите се товарат и дека повредиле полицајци.

НАЌЕ ЧУЛЕВ Е ОТПУШТЕН ОД РАБОТА

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев објави дека е отпуштен од своето работно место како разузнавач и дека повеќе не е дел од безбедносниот систем на државата. На Фејсбук напиша дека добил отказ поради „екстремизам и радикализам“.

„Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам.

Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем.

КЛУБОТ „ИВАН МИХАЈЛОВ“ НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ПОД „ГОВОР НА ОМРАЗА“

Министерот за надворешни работи Бујар османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали називот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, кој предизвикува негативни чувства кај Македонците, може да биде доведен во контекст на говор на омраза, тој рече дека тоа не е така, туку дека единствено станува збор за историска интерпретација.

Според шефот на македонската дипломатија, клубот нема да биде третиран според барањата во Протоколот за промена на натписите на спомениците и останатите објекти, како и деловите од учебниците, кои будат негативни чувства во Бугарија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пандемијата и кризите кои ја следат не претставуваат сериозна кочница за градежниот сектор во земјва, кој според официјалните бројки и понатаму регистрира раст, како кај бројноста на градбите, така и кај нивната вредност. 

Гостиварската компанија Монтенегро ДОО на почетокот на јуни добила сума од над два милиони евра државни пари.

Најголемиот македонски производител на челични конструкции повлече нога и значајно го зголеми извозот во првото полугодие годинава во однос на истиот период лани. Девизниот прилив е повеќе од добредојден во овие неизвесни и тешки моменти за македонската економија

Фирмата која ќе ја формира АД ЕСМ за производство на топлинска енергија за парно-греење на Град Скопје, на местото на БЕГ кому му беа одземени трите лиценци, ќе склучи договор со „Адора Енерџи“, компанијата на бизнисменот Ванчо Чифлиганец, за користење на двете топлани, дознава „Фактор“.


Слично

Поврзани вести