Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се урна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад, меѓу загинатите е и македонски државјанин

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се урна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад, меѓу загинатите е и македонски државјанин

НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА, ЗАГИНА И МАКЕДОНЕЦ

Едно лице од Македонија загинало во несреќата во Нови Сад, каде денеска се урна натстрешница на Железничка станица. 

Веста ја потврди српскиот претседател Александар Вучиќ. 

„Уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски“, рече претседателот.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА И ФИЛИПЧЕ ИЗРАЗИЈА СОЧУВСТВО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад во Србија каде се урна натстрешница од Железничка станица.

„Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на Железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Силјановска-Давкова на Фејсбук.

Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи денеска во Нови Сад, Република Србија.

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ

ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски по две анонимни пријави.

Обвинителството отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, по наводите во јавноста дека сертификатот за положен испит за познавање англиски јазик е стекнат лажно. Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека до нив се доставени две анонимни кривични пријави, па ги споиле во една и ја распоредиле кај јавен обвинител, на постапување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И најновите податоци за индустриското производство откриваат поразителни резултати. Повторно има намалување на индустриското производство и во септември, и тоа од високи 7,9 проценти на годишно ниво. 

Туберкулозата, болест што одамна се сметаше за контролиран здравствен проблем, се враќа со зголемена инциденца, особено по глобалната ковид-пандемија. Податоците покажуваат дека бројот на случаи на туберкулоза во Македонија бележи значителен пораст оваа година, укажувајќи на предизвиците во дијагностиката и контролата на болеста.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на собраниската седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Апасиев спомена подигнати кредити од страна на Левица за купување на партиски простории.

Нето добивка од близу 400 илјади евра оствари компанијата „Аутомакедонија“ за период од девет месеци од почетокот на оваа година.

Поради благите зими, денес потешко се продаваат дебелите капути, јакни, длабоките чизми за разлика од порано. 

фото Танјуг

Слично

Поврзани вести