Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат впечатоците и резултатите од гласањето, во некои општини ќе има жестока битка во вториот круг

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат впечатоците и резултатите од гласањето, во некои општини ќе има жестока битка во вториот круг

ВО ВТОРИОТ КРУГ ЌЕ СЕ КРШАТ КОПЈАТА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ

Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според последните податоци од Државната изборна комисија, е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа, со што влегува во вториот круг. Таа вели дека не е политичар, ниту ќе биде политичар и дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани подеднакво.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој по првиот круг на локалните избори заостанува зад кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска се заблагодари на сите граѓани кои гласале за него.

Тесна битка за градоначалничкото место во Кичево. На 100 отсто преброени гласови, според Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски освоил 8.801 глас или 38,42 отсто од вкупниот број избирачи. Фатмир Дехари кандидатот на Демократската унија за интеграција добил 8.545 гласа односно 37,3 проценти од гласачите заокружиле за него. 

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и партии. 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОФОРМИ ПРЕДМЕТИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ИЗБОРИТЕ

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.

ДЕНЕС ИМА НАД 100 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Денес се регистрирани 107 нови лабораториски позитивни случаи на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.197

Оздравени се 247 пациенти – за 24 часа пријавени се 19 починати лица.

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зошто некои држави имаат посмртоносни бранови на корона вирусот и покрај тоа што се аплицираат исти вакцини е едно од најпоставуваните прашања во јавноста на кое научниците се обидуваат да дадат одговор. Повеќето развиени држави, како што наведува во последната анализа на Блумберг, сега имаат висок процент на вакцинирано население, но се поставува прашањето зошто најновите епидемии на Ковид-19 се посмртоносни на некои места за разлика од други.

Прва шлаканица на избори откако Заев е на власт и е доделена на СДСМ. Расположението на гласачите кое очигледно е опозициско треба да делува отрезнувачки за владејачката гарнитура која спас ќе бара во вториот изборен круг во повеќе општини од противникот.

Слично

Поврзани вести