Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

СИЛЈАНОВСКА СО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ

Државната изборна комисија(ДИК) ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори.

Во вториот круг на 8 мај одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со освоени 180.500 гласови.  Обработени се гласовите од 3.505 од 3.508 гласачки места.

Од ДИК велат дека во моментов течат роковите од 48 часа за приговори. 

ТАТКОТО НА ВАЊА ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР

 Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

ПОЧИНА ВЕЛИБОР ЏАРОВСКИ - ЏАРО

Опкружен со најблиските, во својот дом, и покрај силната борба, некогаш еден од најпознатите менаџери во нашата земја, но и на целиот Балкан, почина Велибор Џаровски - Џаро. 

Како што сподели со „Женски магазин“, неговата ќерка Милица Џаровска, по мозочниот удар кој Џаро го преживеал нд 24 март, по што поминал две недели во болница, кај него до последно опстоила желбата за следење на настани и случувања во земајва и соседството. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фактор направи анализа како гласале граѓаните во десетте скопски општини. 

Скопската цементарница и понатаму продолжува да биде една од најдарежливите компании за своите акционери. Годинава од нејзината дивиденда македонските акционери вкупно 247 физички лица ќе поделат 1 милион евра. Другите 21 милион евра одат за Холандија на сметка на најголемата европска индустрија за цемент „Титан“

Младите доколку сакаат да имаат успех на професионален план, потребно е да ги шират контактите.

Вкупните приходи на најголемата банка (според активата н.з.) изнесуваа над 32 милиони евра за 91 ден (јануари-март 2024 година). Од нив чиста добивка се 19,2 милиони евра.

Слично

Поврзани вести