Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сретнаа Мицкоски и скопската градоначалничка, Арсовска ќе предложи план до крајот на неделата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сретнаа Мицкоски и скопската градоначалничка, Арсовска ќе предложи план до крајот на неделата

ДАНЕЛА АРСОВСКА ЌЕ ТРЕБА ДА ПРЕДЛОЖИ ПЛАН ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАДОТ

Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите, информираше министерот за локална самоуправа Златко Перински по состанокот попладнево со градоначалничката Данела Арсовска. 

„Градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план којшто  ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје, иако нашите очекувања не се големи, морам да признам, за жал. Конкретно се разговараше за две јавни претпријатија, едното јавно претпријатие е Комунална хигиена каде што сметаме дека проблемот е најакутен во моментот. И второто јавно претпријатие кое што го дискутиравме е ЈСП, затоа што сметаме како влада дека за десетина дена од сега ќе имаме многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на школската година“, рече министерот. 

УШТЕ ТРААТ ОБВИНУВАЊАТА ЗА БЕГСТВОТО НА РАМАДАНИ

Определивте куќен притвор за странец, му одговори министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Кривичниот суд за бегството на Блерим Рамадани на Косово. 

„Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол. Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“. Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163. 

РЕАКЦИИ ЗА ГАШИ КОЈ СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ОДЕЛ ПО НЕВЕСТА НА КОСОВО

Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин, пишуваат во своето соопштение од Лервица. 

„Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните во земјава, токму поради нискиот стандард купуваат производи или користат услуги таму каде не издаваат фискални сметки и каде цените се пониски.

Добри вести од „Витаминка“ во првото полугодие годинава. Најголемата прилепска компанија ја одржува својата пазарна позиција на домашниот пазар во острата па дури и нелојална конкуренција од конкурентните компании од регионот.

Нови вина, нови вкусови, интересен дизајн, креативна амбалажа... Едноставо треба да се знае и умее како. И тогаш купувачите, секако поттикнати и од добра реклама, сами ќе дојдат да побараат од вашиот производ, сеедно дали се пребирливи странци, или, пак, традиционалната домашна клиентела, која исто така се модернизира со текот на времето и не прифаќа било каков квалитет.

По 20 години бегство од Македонија и чекање неговото дело да застари, поранешниот царински бос Драган Даравелски во Куманово и официјално на хартија влегува во бизнисот со недвижнини.

Потребниот документ од Народна банка на Македонија е добиен и веќе нема никакви пречки академик Влада Камбовски да продолжи уште 4 години да биде член на Надзорниот одбор на ТТК Банка. 

Слично

Поврзани вести