ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се спремаат рестрикции, ако невакцинирани лица влезат во локал, угостителот ќе плати казна
ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА СТАРТУВААТ РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ
Многу е едноставно, или ќе се вакцинирате, или не може да одите во кафулиња и кафеани и таму да ја ширите заразата. Вака може да се парафразира пораката што денеска ја пренесе министерот за економија, Крешник Бектеши, околу најновите владини мерки.
На прес конференција тој појасни дека потврдите за вакцинирање ќе се бараат на влез на угостителските објекти.
„При влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска. Но, угостителските објекти што имаа капацитет помал од 30 луѓе немаат обврска да органзираат редарска служба. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот“, објасни Бектеши.
ЗАРАЗЕНИ ПРАВЕЛЕ СВАДБА
Младоженци од Тетово си направиле свадба иако двајцата и нивните семејства биле позитивни на брзите ковид тестови.
Лекарот Илчо Ефкоски во Фејсбук статус пишува дека зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура.
Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека.НОВИ 143 КОВИД СЛУЧАИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија - по 1.
Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.ВО ТЕТОВО МЛАДА ЖЕНА ПОЧИНА ОД КОВИД
Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид – центарот д-р Гзим Нуредини.
„Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка“, информираше Нуредини за МИА.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во „зелената“ партија ДОМ, деновиве пслабо се занимаваат со зеленило, а повеќе со раздорот, кој со денови ја следи партијата.