ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се случи грешка со знамињата, но шефот на протоколот во МНР ќе стане амбасадор
ОСМАНИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ШЕФОТ НА ПРОТОКОЛОТ ВО МНР
Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.
Ова го потврди синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.
- Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.Директорот на протокол на Министерството за надворешни работи (МНР), којшто го згреши знамето на Словенија, не е разрешен од функцијата туку е унапреден во амбасадор во Москва, тврди ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение што го испрати до медиумите.
„Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва. Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како може човек кој не разликува знам да преставува држава?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.КЛУБОТ НИКОЛА ВАПЦАРОВ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА
Македонците од Бугарија нема да застанат во нивната мисија, и бараат бугарските власти да го почитуваат нивното право за самоопределување, откако бугарскиот централен регистар го затвори Здружението за заштита на основни индивидуални човекови права.
Пред два дена се отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Атанас Мазнев за Сител вели дека ликвидацијата нема како да се одрази врз работата на клубот, но најавуваат дека ќе започнат регистрација на ново здружение.
Иако Здружението е впишано во регистарот во 2019-та конечна разврска добива во првата половина на октомври.ССМ БАРА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДА ГО СМЕНИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“
Од Сојузот на Синдикатите на Македонија испратија апел до градоначалничката на град Скопје да го промени директорот на „Водовод и канализација“ за што одржаа посебна прес конференција и испратиле писмо до градоначалничката.
- Синдикатот СУТКОЗ при ССМ како единствен репрезантивен синдикат за комунални дејности, неколку пати на писмено и преку медиумите предупредува за незаконските активности на новиот в.д. Директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Марјанче Митовски кои веќе беа потврдени и со инспекциските надзори од Државниот инспекторат за труд од 06.10.2022 година и Државниот управен инспекторат како тоа дека истиот во никој случај не смее да раководи со јавно претпријатие. СУТКОЗ и ССМ заедно преупредуваа дека Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска треба да ги спречат сите незаконски активности на в.д. Директор Марјанче Митовски поради тоа што истите можат да значат покрај другото и значителна материјална и финансиска штета за јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација - Скопје - кажа претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
