Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се проширува истрагата за шверцот со ботокс – приведени се три лица меѓу кои и двајца лекари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се проширува истрагата за шверцот со ботокс – приведени се три лица меѓу кои и двајца лекари

ОЈО ЈА ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА ШВЕРЦОТ НА БОТОКС

Обвинителството ја проширува истрагата за ботоксите. 

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи.

При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори.

ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Демократската партија на Турците денеска официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, Христијан Мицкоски и Зулфикар Зејнула, денеска потпишаа договор за влегување на помалата партија во коалицијата „Твоја Македонија“. Мицкоски кажа дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе има 59 пратеници во Собранието. 

„Со потпишување на договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели. Ова партнерство е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани. Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија“, рече Мицкоски. 

ПРИПАДНИЦИ НА БЕЛАНОЦА СЕ УАПСЕНИ ВО ДРАЧ

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“

Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија лани се најде меѓу десетте најсиромашни земји во Европа, односно рангирана е на 6-та позиција, врз основа на податоците за БДП по глава на жител. Рангирањето го објави Worldatlas. БДП по глава на жител кај нас лани изнесувал 24,300 долари.

Христијан Мицкоски и натаму вложува политички капитал во ВЛЕН и во првата реконструкција на Владата по две години од мандатот на овој владин партнер ќе му додели ресор повеќе, односно ќе им го додели и управувањето со Министерството за правда. 

Фондот за осигурување на депозити, финансиска институција која чува 400-тини милиони евра во случај да и се одземе дозволата за работа и да пропадне некоја банка, филијала на странска банка или штедилница, целокупната добивка ја остварува од инвестирање во државни благајнички записи. 

Изминативе месеци редовно објавуваме за нови огласи за вработување во некои од државните институции, иако со месеци се зборуваше дека во државните институции има вишок на вработени и треба да се бараат решенија за нивно намалување.

фото Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести