ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се прави реконструкција на Владата, Павле Трајанов ја напушти коалицијата
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ЈА НАПУШТИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
Павле Трајанов вечерва на прес-конференција соопшти дека неговата партија го напушта парламентарното мнозинство. Ваквата одлука следува во услови кога Алтернатива ја напушта коалицијата, а влегува Алијанса за Албанците.
ПУНКТОТ ЗА ДОНАЦИИ НА ПЛОШТАДОТ СЕ ЗАТВОРАСкопскиот плоштад се претвори во депонија додека граѓани донираат и тоа што треба и тоа што не треба за загрозените од катастрофалниот земјотрес во Турција.
Денеска е последен ден на пунктот на Плоштад Македонија во центарот во Скопје, а од утре ќе биде затворен.
Волонтерот Девет Нуредини ги повика граѓаните да донираат исклучиво капути и дебели јакни, а не работи на кои местото повеќе им е во отпад.
- Има венчаници, штикли, искинати фармерки и работи за кои срам ми е да ги споменувам јавно, рече Нуредини во изјава за Телевизија 24.ВНИМАВАЈТЕ НА ИЗМАМИ, НЕ ПРАЌАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека пораките кои им пристигаат на граѓани во кои има повик да се појават во суд поради наводни измами и правни постапки се лажни.
Укажуваат дека станува збор за измами, во кои се цели кон личните податоци на граѓаните и апелираат граѓаните да не испраќаат податоци никому,
- Пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот - стои во нивното соопштение.СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА
Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека земјотресот во Романија бил плиток и не бил силен. Смета дека овој потрес не е главен.
„Според моето искуство, не само што не би рекла дека е главен, ова е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија“, изјави денеска Радовановиќ.
Во Романија имаше земјотрес од 5.2 степени, а потоа уште еден потрес од 3 степени.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
