Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се појави снимка од врсничко насилство во Аеродром, полицијата ги идентификува насилниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се појави снимка од врсничко насилство во Аеродром, полицијата ги идентификува насилниците

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Од полицијата велат дека во врска со случајот со врсничко насилство, СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител.

НЕВРЕМЕ ИМАШЕ ВО СКОПЈЕ И ВО ДРУГИ ГРАДОВИ

Невреме го зафати Скопје, улицата Јордан Мијалков е затворена поради обилните дождови. 

Едно возило е поплавено. Невреме зафати и делови од Македонија. 

Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите. 

Краткото невреме проследено со силен дожд и ветер, кое го зафати Струмичко попладнево, предизвика неколку пожари во кои интервенираа тимови на ТППЕ Струмица во селата Моноспитово, Куклиш и Градско Балдовци каде имало запалено електричен столб и кабли, а на улица „Климент Охридски“ е интервенирано на запалено електрично броило, информираа струмичките пожарникари.

ОД 1 ОКТОМВРИ ГРАЃАНИТЕ КАЈ МАТИЧЕН ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ДАЛИ САКААТ ДА ДОНИРААТ ОРГАНИ

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата.

Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмели и најуспешно финализирани процеси водени во здравството.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Светската економија и понатаму се соочува со неизвесност поради воениот конфликт на Блискиот Исток, што резултира со поскапување на енергенсите што пак го забавува растот, а истовремно ја држи инфлацијата висока.

Табановце, Богородица и Блаце се граничните премини со најголема фреквенција на патници. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) за 2025 година. Нашите граѓани често патуваат во Србија, Грција и Косово.

Казанџи Холдинг од минатата недела и официјално е присутен во Македонија со регистрацијата на „Акса Енерџи Македонија“, која како што е најавено, ќе треба да ја гасифицира земјата и да ја изгради секундарната мрежа во населените места.

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски.

Слично

Поврзани вести