ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се олабавуваат ковид мерките, но на четири места ќе мора да се носат маски
МАСКИ ЌЕ МОРА ДА НОСИМЕ НА ЧЕТИРИ МЕСТА
Комисијата за заразни болести по својот редовен состанок денеска соопшти олабавување на две антиковид мерки. Претседателот на советодавното тело, д-р Александар Петличковски изјави дека по процена на епидемиолошката состојба, условите им овозможуваат за намалување на дел од рестриктивните мерки кои се во насока на спречување на ширењетоп на корона вирусот.
-Првата препорака се однесува на укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Тие повеќе нема да мора да се носат, освен на четири места, а тоа се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. Значи таму и понатаму важи мерката задолжително носење маска. На сите останати места може да се носат само по желба, ако некој сака. Втората препорака се однесува на следењето на контактите на заразените со ковид-19. Препорачуваме укинување на епидемиолошкото следење на контактите, а со тоа и укинување на мерката за изолациоја на контактите, изјави д-р Петличковски.ДЕНЕС ИМА 195 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Во последното деноноќие се регистрирани 195 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив од Скопје се 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции.ВО УКРАИНА ИМА НОВИ ЖРТВИ, НО И ИСЧЕЗНАТИ
Ракетирана е железничка станица во источниот дел од Украина.
Повеќе луѓе загинаа откако три ракети погодија железничка станица во источна Украина, оштетувајќи згради и шини.
Најмалку четири лица загинаа денеска во руски артилериски напад, а уште толку се повредени на пункт за дистрибуција на хуманитарна помош додека руските војници бомбардираа градови и железничка инфраструктура во источниот дел на Украина.
Руските сили го гранатираа Северодоњецк, објави гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи кој додава дека горат десет згради.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
