Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа комеморација за жртвите во Кочани, родителите се разочарани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа комеморација за жртвите во Кочани, родителите се разочарани

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ РАЗОЧАРАНИ ОД КОМЕМОРАЦИЈАТА

Родителите на младите кои загинаа лани на 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се разочарани од денешната комеморација во Собранието, во чест на 63. жртви.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја одржа комеморацијата после една година, а во ложата во пленарната сала беа претставници на семејствата на загинатите, а меѓу пратениците беа и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

„Дури и по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат. Постојат моменти кога, и да ги изберете зборовите внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество“, рече Гаши.

НАД 70 ОТСТО ОД ЛЕКАРИТЕ СЕ СООЧИЛЕ СО НАСИЛСТВО НА РАБОТНОТО МЕСТО

Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за кривично дело за кое е предвидена казна затвор. Ова беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници.

Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова рече дека над 70 отсто од докторите во државава, согласно нивна анонимна анкета од 2023 се соочиле со физичко или вербално насилство на работно место од кои 80 проценти биле изложени на вербално насилство, а 6,8 отсто на физичко насилство.

ПОЧИНА АКТЕРОТ КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ

Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили. Тој вчера починал во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдил пријател на семејството за порталот Сакамдакажам.

Поп Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако повремено се враќал во Скопје, последната година и половина од животот ја поминал таму. Тажната вест за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на актерот, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.

ИЗБРАН Е ИЗВЕДУВАЧ ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

По долг период на неизвесност, конечно е избран изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој посочи дека евалуацијата на понудите е завршена, а одлуката за избор на изведувач била донесена минатиот понеделник. Сепак, процесот во моментов е во фаза на чекање бидејќи е поднесена жалба, по која треба да се произнесе второстепената комисија.

- Евалуацијата на документацијата заврши и ја донесовме одлуката за избор на изведувач. Чекавме десет дена, но претпоследниот ден беше поднесена жалба. Сега ја чекаме одлуката на второстепената комисија, по што веднаш ќе пристапиме кон потпишување на договорот и почеток на реконструкцијата, изјави Љутков.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата го објави огласот за поддршка на печатените медиуми преку субвенции со кои ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците. Јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2026 година е објавен на нивната веб страна и истиот ќе биде отворен до 20 март.

Босанците веќе потврдија дека поради војната на Блискиот Исток и поради тоа што туристите од тие земји нема да дојдат, ќе трпат штети, но во Македонија ситуацијата е поинаква. Во земјава немало некој голем прилив на гости од земјите од Блискиот Исток. 

Пензионерот Иван Куковски е поставен за нов директор на РЕК Битола, најголемата термоелектрана во земјата, а истовремено Тони Петрушевски е разрешен од оваа позиција. Промената е извршена пред два дена.

фото Фејсбук/Африм Гаши

Слично

Поврзани вести