Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа деветтиот протест против францускиот предлог, а во Грција продолжува потрагата по исчезнатиот Мартин

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа деветтиот протест против францускиот предлог, а во Грција продолжува потрагата по исчезнатиот Мартин

НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори доколку пратениците од СДСМ кажат „не“ на таканаречениот француски предлог.

Вели дека документот нема правно значење и правна вредност и според него тоа е голема лага. Мицкоски рече дека тоа се четири заклучоци. 

Адвокатката Ружица Николовска вечерва на протестот пред Собранието рече дека воопшто не е наивно барањето за внесување на Бугарите во Уставот. 

Вели дека Македонија сака да биде на патот кон Европската Унија(ЕУ), но не по секоја цена, не со понижувања. 

Новинарот Диме Ратајкоски вечерва пред Собранието на протестот против францускиот предлог изјави дека народот е господар на својата судбина и одлучува за својата иднина, а поинаку не смее. Вели дека демократијата тоа го дозволува, а се друго е рамно на тиранија. 

ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО ГРЦИЈА ПРОДОЛЖУВА

Грчките служби ќе продолжат со потрагата по исчезнатиот Македонец, Maртин Јовановски. 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево разговарал со неговиот грчки колега, Никос Дендијас околу потрагата по третиот Македонец кој исчезна во водите на Егејското Море на Халкидики.

Османи соопшти дека и покракј изминувањето на редовниот рок во согласност со грчките закони, донесена е одлука грчките надлежни служби да продолжат со потрагата по исчезнатото момче.

ИВАН ЈА НАПУШТИ БОЛНИЦАТА ВО СОЛУН

Македонскиот државјанин Иван кого го спасија од морето на Халкидики, си замина од болницата Папаниколау во Солун, јавува грчки Protothema.

Тој вели дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор.

Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство. Тој е лекуван поради тешка дехидрација.

ПРОТЕСТНА НОТА ОД БУГАРИЈА

Министерство за надворешни работи на Бугарија испрати протесна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради антибугарските пораки кои се присутни деновиве на протестите во Скопје. Велат дека се загрижени поради она што се случува. 

„Особено загрижувачки е што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заеднички прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот. Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, пишува во нотата на МНР.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Урсула фон дер Лајен која е на чело на Европската Комисија(ЕК) во четврток ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание. Потоа е закажана и седницата на која ќе се расправа за францускиот предлог.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика пратениците на СДСМ да го одбијат предлогот и да го послушаат народот. Од СДСМ велат дека очекуваат силна поддршка од Собранието и од пратеници на опозицијата за продолжување на европскиот пат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Кнауф Радика“ е една од најуспешните приватизации во македонската транзиција. Од 1997 година наваму компанијата постојано се развива и усовршува, а дебарскиот гипс е надалеку прочуен и повеќекратно наградуван. Воедно оваа компанија е локомотива на дебарската економија и на реканскиот крај затоа што ангажира речиси 150 вработени

Хрватскиот историчар Твртко Јаковина, кој беше еден од потписниците на писмото на историчарите од регионот кои бараа историјата да не се злоупотребува во македонско – бугарските односи, во процесот на евроинтеграциите, вели дека најновите случувања само ќе ги влошат односите меѓу двата народи.

Слично

Поврзани вести