ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, нема договор за покачување на минималецот
СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Здружението на историчарите на Република Македонија изразува револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
„Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност. Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија“, е наведено во писменото соопштение од Здружението на историчарите во земјава.
Тогаш, дополнуваат од таму, се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев?ВМРО - БНД на Красимир Каракачанов побара враќање на моштите на херојот Гоце Делчев во Софија.
„Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО.НЕМА ДОГОВОР ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Нема договор за зголемување на минималната плата.
Од ССМ се разочарани затоа што нема „зелено“ светло за да минималецот скокне на 300 евра.
„Очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал“, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Вели дека работодавачите дури и се дрзнале денеска тие да добијат повластувања од владата.
„Владата излезе со една одлична анализа, каде што кажува дека моделот кој го предлага Сојузот на Синдикатите на Македонија и останатите синдикати е најприфатлив. Затоа ја охрабрувам владата, бидејќи гледам дека е на наша страна, врз основа на ова што денеска тие го анализирале , цврсто да застане рамо до рамо со работникот и да го даде тоа што бараме. Да не се молиме за минимална плата од 18 000 денари”, изјави Димовски.ДЕНЕС ИМА ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш - по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9, Демир Хисар – 8, Дебар, Виница и Кратово – по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево – 3, Демир Капија – 2, Дојран – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
