Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележуваат 149 години од раѓањето на Делчев, тема која ги скара македонските и бугарските политичари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележуваат 149 години од раѓањето на Делчев, тема која ги скара македонските и бугарските политичари

СЕ НАВРШИЈА 149 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДЕЛЧЕВ

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод денот кога се одбележува 149 години од  раѓањето на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев.

„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

НОВА КАВГА ЗА ТОА ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 149 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, на објава на македонскиот премиер Зоран Заев коментираше дека Гоце Делчев е Бугарин.

„Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација“, напиша Џамбаски. 

На ова му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја“, му одговори  Мицкоски.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов се надева дека идната година Македонците и Бугарите заедно ќе го чествуваат херојот Гоце Делчев. 

ДЕНЕС 373 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга - 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5,  Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1

Регистрирани се 638 оздравени пациенти од:

Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар - 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола –  по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

МАКЕДОНЦИТЕ ЧЕКААТ ПРЕД БУГАРСКИОТ КОНЗУЛТАТ ЗА ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ПАСОШИ

Пред бугарскиот конзулат во Битола колони македонски граѓани стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши, објави денеска Нова Македонија.

Стотици македонски граѓани, секојдневно поднесуваат документи за добивање бугарски пасоши, но освен од Битола, во бугарскиот конзулат доаѓаат и од Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево и од Штип.

Најголемиот број од соговорниците со кои разговарале од Нова Македонија велат дека во ситуација кога не гледаат перспектива тука, немаат друг излез освен да ја напуштат Македонија. 

СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ТЕЛЕГРАМ НЕ СОРАБОТУВА

За Јавна соба се приведени четири лица, одземени се телефони и други електронски уреди кои ќе бидат вештачени. 

Министерот за внатрешни работи Оливер спасовски очекува вештачењето да заврши денеска, најдоцна до утре. 

„Тоа ќе биде доставено до јавното обвинителство. Секако дека се идентификуваат и други лица кои биле членови на Јавна соба“, рече Спасовски.

Според него, хендикеп за истрагата е некомуникацијата на платформата Телеграм. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Модерна компанија која има амбициозни цели за раст мора да посвети големо внимание на човечките ресурси, да развие сопствен оддел за HR или пак да се потпре на услугите на специјалистите од оваа област. 

Во дел од европските земји повторно има рестриктивни мерки поради ширење на новите мутации на коронавирусот, состојба од која штети трпи и македонскиот текстил.

Општините први ја послушаа препораката на Владата и започнаа со донирање на свои средства на сметката на здружението „Обнова на Глобал“ по пожарот кој го зафати трговскиот центар во Струмица вечерта на 2 јануари. Општина Велес префрлила 60.000 денари, а Ѓорче Петров и Гевгелија по 50.000 изминатата недела.

Фејсбук групата, Штипска идила, која има голем број на членови, ја објави веста за осмооделенецот Дамјан Давков, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци. 

Паричните награди кои ги добија вработените во ковид-центрите и во болниците каде се лекуваат болните од корона вирусот сè уште се причина за раздор во здравствените установи.

И во овој случај, каде што имаме преку коруптивни дејствија и злоупотреби на службената положба, точно е декса имаме истрага за осум лица, припадници на МВР, кои директно учествувале во нелегалните активност со издавање на возачки дозволи на лица кои немаат положено возачки испит. Поднесени се кривични пријави против тие лица, но и против 28 лица кои го поттикнале ова кривично дело.

Слично

Поврзани вести