Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува Свети Кирил и Методиј, политичарите не губат надеж дека ќе се тргне бугарската блокада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува Свети Кирил и Методиј, политичарите не губат надеж дека ќе се тргне бугарската блокада

СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, патрони на првиот државен универзитет во Скопје.

Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министер

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА СЕПАК ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Индиректно сака да порача дека трпат притисок поради Македонија, за да се тргне ветото и земјава да ги почне преговорите со ЕУ. 

„Нема да го кажам зборот притисок, но да не заборавиме – Бугарија е членка на Европската унија. Ние ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. Најважно е да не дозволиме нови проблеми да се воведат во Унијата“, рече претседателот.

Вели дека патот за отворање на европскиот пат на  Република Северна Македонија минува пред се низ Софија.

Во португалскиот предлог за спорот со Бугарија се вклучени очекувањата на двете страни. 

Ова го тврди премиерот Зоран Заев. Но, тој нема детали за страната на Бугарија односно за Софија како го разгледува предметот.

ДЕНЕС ИМА 7 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 7.

Регистрирани се 71 оздравени пациенти од:

Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

РЕГИСТРИРАНИ ТРИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во земјава ноќеска имало три земјотреси, од кои последниот бил послаб. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. 

Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 километри југозападно од Скопje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда од 3.2 додека третиот со магнитуда од 2.4 степени.

Слично

Поврзани вести