Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува потпишувањето на Рамковниот - каде сме 20 години подоцна?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува потпишувањето на Рамковниот - каде сме 20 години подоцна?

ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ПОРАКИ ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Ахмети ми шепна „да беше Заев во 2001 година, немаше да има војна“, порача денеска првиот вицепремиер Артан Груби по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор. 

„На моето прашање дали да беше Заев во 2001 година ќе го потпишеше Рамковниот договор, Али Ахмети ми шепна: ‘Да беше Заев во 2001 година, немаше да се случи 2001 година“, искоментира Груби. 

По повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на државата. 

Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно интервју за Дојче Веле по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за интервенцијата на специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, со евакуација на припадниците на ОНА при фамозната акција на македонските вооружени сили во Арачиново, вели дека била на барање на државното раководство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека нема да дојде на прославата по повод Рамковниот договор. 

Едвард Прајс од американскиот Стејт департмент во своето видео-обраќање рече дека САД се гордеат што ја прославуваат, заедно со Северна Македонија, 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој одигра суштинска улога во воспоставувањето на земјата како мултиетничка демократија и спречи поголем конфликт.

НОВИ 672 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г),  по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.

КАЗНА ОД 250 ЕВРА ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ЗАТЕКНАТИ ВО КАФУЛЕ

Невакцинираните граѓани кои од понеделник ќе бидат затекнати во угостителски објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19, а при тоа не се исполнети условите од последната мерка донесена од Владата,  ќе платат казна од 250 евра.

Ова последно го потврди  директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска, која додава дека казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели 

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во пожарите кои беснееја со денови во источна Македонија, изгорени се цели пчеларници. Угинаа пчелни семејства во селата близу Пехчево и Берово, а штетите се бројат во илјадници евра.

Рекордниот пад на прелети на македонското небо донеле само 7.788.066 евра наплата во 2020 од страна на М-НАВ, односно од меѓународниот Eurocontrol. Ова е објавено во годишниот извештај на друштвото зз воздухопловна навигација, а дел од оваа сума понатаму била наменета и за Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Се намалува бројот на невработени лица во земјава. Значи ли тоа дека попуштаат економските последици од кризата и дека се стабилизира пазарот на труд во земјава, e прашање за кое појасна слика ќе има во следниов период. Податоците на Агенцијата за вработување говорат дека на крајот на јуни годинава сме имале 140.674 невработени лица.

Две децении и натаму не се доволни за хармонизирано гледање на Охридскиот мировен договор како политичка и уставна реалност која ја дефинираше Македонија по воениот конфликт од 2001. 

Фантастичен раст на цените на недвижнините во последниот период, а годинава продолжува трендот и на зголемен интерес за купување. Податоците Кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека за првите три месеци годинава купени се недвижнини во сличен обем како и истиот период лани.

Потребен ни е нов Рамковен договор, или само договор, за економските реформи кои во земјава треба да се спроведуваат најмалку во следните 10 години, и тоа да се направи во соработка со науката и бизнисот, рече Хари Костов, поранешен премиер на земјава, и прв човек на Комерцијална банка, на конференцијата по повод Рамковниот договор.

Слично

Поврзани вести