Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува Денот на трудот, политичарите честитаа, синдикатите бараат поголеми права

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува Денот на трудот, политичарите честитаа, синдикатите бараат поголеми права

СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 1-ВИ МАЈ, СИНДИКАТИТЕ БАРААТ ПОВЕЌЕ ПРАВА ЗА РАБОТНИЦИТЕ

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на Фејсбук го честита 1 Мај – Меѓунарoдниот ден на трудот и наведува дека ова не е обичен ден, туку е ден на кој оддаваме почит на извонредните луѓе, работниците за нивните економски и социјални достигнувања. 

„Нека овој празник ни биде уште еден потсетник дека предизвиците и тешките ситуации не треба да нѐ спречуваат да ги достигнеме нашите соништа. Секој може да загуби битка, но само оние кои се борат наоѓаат мир и задоволство. И, да не заборавиме дека успехот доаѓа со напорна работа и посветеност“, наведе Спасовски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по повод 1-ви Мај - Меѓународниот ден на трудот, вели дека оваа година работникот и неговиот труд како никогаш досега е девалвиран и потценет. 

Според него, оваа година е најцрната економска година за Македонија. Додава дека за една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6.000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. 

Државната помош да се исплаќа директно на сметките на работниците за да нема злоупотреби од газдите;  покачување на платите, но и итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата се само дел од барањата на сидикатите и здруженијата кои повикаа на заедничка борба за работничките права.

Преку првомајски проглас, синдикатите посочија дека на глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4 проценти од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми богатството на светските милијардери.

ДЕНЕС ИМА 36 ПОЧИНАТИ И 214 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 305 оздравени пациенти од:

Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 36 починати лица. 

МАКЕДОНЦИТЕ ЗАСЕГА НЕМА ДА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА

Maкедонските граѓани засега нема да можат да патуваат во Грција. Одлуката на грчката Влада за привремена затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен весник на Грција, веќе е објавена и новата што стапува во сила на 3 мај и ќе важи до 14 мај 2021 година до 6 часот наутро по локално време.

Како што веќе објави МИА, се очекува за две седмици да бидат отворени копнените граници на Грција и да се укинат ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за Ковид-19 или со сертификат за вакцинација.

ВО СВЕТОТ ИНДИЈА И НЕПАЛ КРАХИРААТ ВО БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Освен Индија, и Непал е земја каде епидемиолошката состојба е многу лоша.  Состојбата е надвор од контрола, затоа што бројот на новозаразени лица нагло се зголемува. 

Во болниците се намалува бројот на слободни кревети и медицински кислород. Во областа Банки, која се наоѓа долж границата со Индија, лекарите во болницата Бери укажуваат дека ситуацијата потсетува на „Индија во мало”, бидејќи вирусот се шири неконтролирано, пишува лондонски Гардијан.

„Само во изминатите две недели од локдаунот, дури 80 отсто од здравствените работници на клиниката Бери беа позитивни на тестот на коронавирус“, изјави началникот на клиниката, Радан Пандеј.

Непал денеска воведе строги мерки за заштита кои треба да останат во сила 15 дена. 

Слично

Поврзани вести