ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува 8-ми Март, жените излегоа на марш
МАРШ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА
Во Скопје се одржа марш за женски права по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ – ова се дел од пораките кои беа испратени на денешниот марш.
На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.
„Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири“, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.СПАСОВСКИ ГИ КАЖА МОЖНИТЕ МОТИВИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по убиството на наркобосот Јетон Кривањева и Енес Исени, кои беа егзекутирани пред два дена во Старата скопска чаршија во угостителски објект, рече дека најверојатен мотив за нападот е мешсебна пресметка помеѓу криминалните банди.
„Истрагата бара темелно утврдување на факти и аргументи и обезбедување на докази и во тие рамки се движи истрагата која ја работиме заедно со Обвинителството и се што ќе се утврди како факт, доказ и аргумент навремено ќе биде презентиран во јавноста, така што ниту една ваква комплексна истрага не можеме да ја водиме во јавноста и во медиумите.ГРУБИ СЕ СКАРА СО НОВИНАР
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска се скара со новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма.
Тој му посочи дека „забегал“ со одговорот на прашањето, а Груби погрешно го протолкува изразот.
„Нема да ви одговорам додека не се извините. Треба да реагира ЗНМ за ваквото однесување што е многу навредливо и неприфатливо“, рече Груби.
Серафиновиќ потоа се извини и кажа дека тој збор различно се толкува на албански и македонски јазик.
„Не ми беше намерата во тој контекст“, рече тој.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Вангел Тануровски
