Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

СЕ НАВРШИЈА СЕДУМ ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев му честиташе на екс грчкиот премиер Алексис Ципрас за годишнината од Преспанскиот договор. 

„Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји Северна Македонија и Грција”, пишува Заев. 

Во пораката уште се истакнува дека Преспанскиот договор „остави исклучително позитивен белег на Балканот, Европа и светот дека договорите можат да се постигнат преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања меѓу земјите“.

ВО ВЛАДАТА Е УСВОЕНА СТРАТЕГИЈА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЗАКОНСКИ СТЕКНАТ ИМОТ

Владата усвои нова Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот. 

„Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план“, велат од Владата.

Велат дека го унапредуваат степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот. 

MИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ БАРА 1.9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГА

Министерството за финансии денеска испрати барање до 21 меѓународнa финансискa институциja и странски комерцијални банки за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Износот кој се бара за реализација на проектот е 1,91 милијарда евра.

Барањето е доставено до Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Француската развојна агенција, КФВ Развојната банка, Италијанската развојна банка, Јапонската агенција за меѓународна соработка, германската ДЗ Банка, Морган Стенли, Уни Кредит Банка Австрија, Сити банк, ЏП Морган, Дојче Банк, Сосиете Женерал, Рајфајзен банк, ЕРСТЕ банк, Банка ИМИ, Банка на Америка, јапонската МУФГ Банка, како и американската Голдман Сакс. 

ИЗРАЕЛ И ИРАН ПРОДОЛЖУВААТ СО НАПАДИТЕ

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен напад врз главниот центар на разузнавачката агенција Мосад во Тел Авив. Револуционерната гарда (IRGC) во соопштението наведе дека нејзините воздухопловни единици спровеле ефикасна операција против Мосад во раните утрински часови.

„И покрај тоа што се заштитени со напредни системи за воздушна одбрана, Управата за воено разузнавање на армијата на ционистичкиот режим, позната како АМАН, и центарот на Мосад во Тел Авив, кој се користи за планирање атентати и злонамерни дејствија, беа погодени од нападот на ИРГК“, се вели во соопштението.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државниот завод за ревизија во денешниот објавен ревизорски извештај од контролата на работењето на Агенцијата за промоција на туризмот утврдила дека државата не реализирала ниту една од предвидените три туристички развојни зони кај езерото Треска во Сараај, Љубаништа во близина на Свети Наум, како и во Дојран, односно потточно Стар Дојран.

Да најдеш добар адвокат е половина завршена работа, кажува народната мудрост. Адвокатската професија е често критикувана, а воедно и посакувана. Мед и пелин, топло и ладно, може и не мора да значи. Од тужба до рочиште, од поднесок  до пријава. Одложи, закажи, побарај, одречи. Предложи и докажи, побарај или изземи. Секогаш тука за својот клиент. Тоа е секојдневието за секој адвокат.


Слично

Поврзани вести