Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија осум години од упадот во Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија осум години од упадот во Собранието

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

Се навршија осум години од „крвавиот четврток“ односно „27 април“. 

На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти го проби полицискиот кордон и насилно влезе во законодавниот дом.

Пратеници, новинари и службеници беа нападнати, а повеќе од 100 лица беа повредени.

Судскиот процес за настаните од 27 април 2017 започна на 22 август 2018 и претставува еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија.

НА АУКЦИЈА СЕ СОБРАНИ СКОРО 30.000 ЕВРА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани.

Вчерашната хуманитарна акција ја организираше „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се на лекување. На настанот дојдоа претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, в.д градоначалникот Венко Крстевски. 

На 4 мај, во знак на почит кон загинатите во Кочани ќе се одржи велосипедска тура „62 километри“, ќе се вози по стариот пат во правец на Штип и назад, во должина од 62 километри.

МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ГО ЧЕСТВУВААТ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански и порачаа дека ќе се борат за своите права. 

На собирот во градот Мелник, пред споменикот на Сандански се одржа народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадниците на ОМО „Илинден – Пирин“, како и бројни гости од Македонија и од други земји во кои живеат нашите сонародници.

На присутните им се обрати Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден – Пирин“.


Слично

Поврзани вести