Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија 20 години од смртта на Борис Трајковски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија 20 години од смртта на Борис Трајковски

ДЕНЕС СЕ НАВРШИЈА 20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

На денешен ден се навршуваат 20 години од трагичната смрт на некогашниот претседател на Македонија, Борис Трајковски. Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која загина поранешниот претседател на државата заедно со членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. 

По овој повод, владини претставници, како и членовите на неговото семејство ќе му оддадат почит на Трајковски на повеќе локации. Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа.

ОСМАНИ СОБРА 10.000 ПОТПИСИ

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи ги собра потребните 10.000 потписи за да се кандидира за претседател. 

Кандидатот за претседател од ДУИ Бујар Османи преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10.000 потписи за неговата кандидатура.

ВЕАПОСКА ПРАШУВА КАКО ОБВИНЕТИТЕ ЈА СПАСИЛЕ КОГА ТАА ЗАВРШИЛА НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Хаосот со замена на личните документи ги поремети и плановите на младите кои работат или треба да заминат да работат на брод.

Во вториот обид за продажба на имот во стечај на поранешниот кумановски угостителско-хотелиерски гигант „Бисерка“ фирмата што ја води синот на Драган Даравелски, контроверзниот поранешен директор на Царинската управа, ќе плати милион евра. 

Развојна банка на Македонија ќе земе заем од Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ во висина од 50 милиони евра, кои ќе бидат обезбедени со државна гаранција. ЦЕБ веќе има пратено позитивен одговор на барањето на Министерство за финансии и Развојна банка за задолжувањето кое сега е пред собраниските пратеници

.

Слично

Поврзани вести