ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија 20 години од Рамковниот договор, политичарите со различни видувања
ПОМИНАА 20 ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА РАМКОВНИОТ
Артан Груби, првиот вицепремиер, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека „не е редар за да бара сертификати“ пред утрешното централно одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
- Не сум редар за да барам сертификати, прашајте ги службите. Не знам јас за тоа, ре;е Груби кога беше запрашан дали на утрешниот настан ќе биде дозволено да присуствуваат само вакцинирани гости. Тој рече дека за почитувањето на протоколите е задолжен организаторот, а не лично тој и дека бил во постојана консултација со Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје - Скопје.
Сепак прославата е пред официјалниот почеток на новата владина мерка со која од 16 август ќе биде забрането присуство на невакцинирани на настани и во угостителски објекти со повеќе од 30 присутни.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека мисијата на Хасан Приштина не е завршена и дека таа продолжува со патот кон ЕУ.
Рече дека Хасан Приштина влезе во дејноста за организирање отпор, но не изолиран само кај Албанците, туку создавајќи сојузи.РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 5, Тетово – 4, Гостивар – 2, Струмица, Битола и Кочани – по 1.
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Сите починати лица се починати во болнички услови.ЗА ПОЖАРИТЕ ИМА 17 ПРИВЕДЕНИ
Полицијата приведе 17 лица за пожарите кои се случија изминатиов период во Македонија.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе.
„Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Спасовски.И ВО РЕГИОНОТ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ
Косово урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот, а денес има повеќе од Србија, Хрватска, Македонија.
За 24 часа имаат рекордни 1.009 случаи. Бројот на активни случаи денеска достигна 4.414. Реализирани се 540 илјади вакцинации, од кои скоро 18 илјади вчера. За споредба, Србија денес има 983 заразени. Хрватска има 333 нови случаи на коронавирусот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
