ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ШЕСТ УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ
Мерки за претпазливост се определени за шестмина полициски службеници.
Прифатен е предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за опредлување мерки за претпазливост против шест лица – полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот.
Мерките се одземање пасош, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности.НА ДВАЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ
На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата.
- Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари.БРАНИТЕЛОТ НА БОРЕ ВИДЕВСКИ БАРА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.
Според Манев, за да се добие правилна и вистинита пресуда и да се утврди вистината и фактите мора да се направи една од тие две работи. Во спротивно, нагласи тој, каква и да биде пресудата таа ќе подложи на жалби.
- Низ исказите на сите обвинети неминовно произлегува потребата или од реконструкција на настанот или од враќање на предметот во истражна постапка, затоа што ако ги следите исказите, се споменуваат други лица кои што биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа. Понатаму, се кријат, односно не се изведуваат докази од битно значење - изјави Манев. ЧИТАЈТЕ УШТЕ