ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се намали бројот на опомени од „Безбеден град“
БРОЈОТ НА ОПОМЕНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СЕ НАМАЛИ
Министерството за внатрешни работи објави дека вчера, односно во текот на изминатите 24 часа, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци,.
Прекршоците се регистрирани во регионот на Секторот за внатрешни работи во Скопјe. Во првите 24 часа камерите на „Safe city“ регистрираа 110.000 прекршоци
На 02.12.2025 година, регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзо возење, 1.366 за поминување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, велат од Министерството за внатрешни работи.СОБРАНИЕТО ЌЕ ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА ЧЕТИРИТЕ ТРАГЕДИИ
Собранието денеска донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци, како и несреќата несреќата на ’Беса транс’ во Бугарија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, образложи дека Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите има за цел да се утврдат сите пропусти во изминатиот период кои придонесоа за 138 жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.АДЕМ ЧУЧУЉ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА
Адем Чучуљ е избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција со 81 глас денес во Собранието. Овој избор доаѓа по разрешувањето на Татјана Димитровска, закоја претходно Обвинителството отвори предмет.
Со освоени 96,50 бодови на ранг-листата на собраниската Комисија за селекција, актуелниот генерален секретар на ДКСК стана прв фаворит за позицијата прв антикорупционер.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
