ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се испитува дали убиецот од Куманово извршил и други убиства, наредена е ексхумација
СЕ ИСПИТУВА ДАЛИ МОМЧЕТО ОД КУМАНОВСКО УБИЛО И ДРУГИ ЖЕНИ
Поднесена е кривична пријава за убиство на свиреп начин во кумановско, а се испитува поврзаност и со други случаи, објави Министерството за внатрешни работи.
- СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
ЖИТЕЛ НА МАЛА РЕЧЕНИЦА ПЛАНИРАЛ НАПАД
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.
Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14 декември 2012 година во САД кога Aдам Ланза – 20 годишно момче, во училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.СДСМ ОБВИНИ ДЕКА СОПРУГАТА НА ЃОРЃИЕВСКИ НОСЕЛА ЕКСТРЕМНО СКАПА ЧАНТА, ТАА НЕГИРА
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание.
За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30.000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари.
Ова го објави на својот Фејсбук профил, Мартина Ѓорѓиевски, сопруга на градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
