Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се дискутираше за Македонија, ЕП не го усвои амандманот со кој се осудуваше бугарската реторика

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се дискутираше за Македонија, ЕП не го усвои амандманот со кој се осудуваше бугарската реторика

МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ СО РЕФОРМИТЕ, ЕП НЕ ЈА ОСУДИ БУГАРСКАТА РЕТОРИКА

Европратениците сепак денеска не ја осудија Бугарија. 

Европскиот парламент не го усвои амандманот на Резолуцијата за Македонија на социјалистите и зелените со кој се осудуваше реториката на Бугарија кон земјава за историските прашања. Тоа ги израдува бугарските европратеници. Освен амандманот за несоодветното бугарско однесување, беше отфрлен и амандманот со кој се осудува земјава дека не признава постоење на бугарско малцинство, но поминаа два амандмани поднесени од германски европратеник Михаел Галер, во име на групата на Народни партии, во кои се изразува жалење што земјава не ги спроведува досегашните препораки за недискриминација на граѓаните кои се декларираат како Бугари, а се бара и преземање соодветни мерки за надминување на поделбите меѓу етнички групи, вклучително и со граѓаните со бугарски идентитет. 

Пред дебатата на европратениците во кој дел од нив блокадата од Бугарија ја нарекоа неодговорност и ја повикаа да ја повлече, беше презентирана резолуцијата за Макеоднија од известувачот за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тој  побара реформите да продолжат.

ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 585, Прилеп - 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по - 1.

Регистрирани се 722 оздравени пациенти од:

Скопје - 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка – по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица – по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци – по 4, Демир Капија и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево – по 2, Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 –86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА УАПСЕНИ СЕ 22 ЛИЦА

Во попладневните часови е уапсено уште едно лице од организираната криминална група поврзано со трговијата на дрога. Со тоа во акцијата „Планина“ се приведени 22 лица.

Организираната криминална  група е следена цела година. Од полицијата соопштија дека кај приведените е пронајдена и запленета дрога, автомобили, пари, мобилни телефони. Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд.  Се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска соопшти дека акцијата во Грчец Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ е спроведена по опсежни мерки, а според доказите приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги.


ЗАЕВ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА СОФТВЕРОТ НА РАШКОВСКИ

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека софтверот за сообраќајни прекршоци од 80-тина илјади евра, за кој беше поврзан поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, ќе биде пуштен во функција за потребите на МВР.

Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се обратија до Владата, службите постапија со сите информацио. Софтверот е набавен регуларно, авторските права се во сопственост на Владата и генералниот секретар има право да прави анализи за министерствата.

Софтверот е работен од ФИНКИ и е оспособен и предаден со изворен код, а создаден е за рзлични намени. Тој претставува автоматизиран систем кој го елиминира човечкиот фактор. Целосно е функционален и ефикасен и ќе се стави во функција откако ќе се соединат базите на податоци

ПОЗНАТО Е КОЛКУ БЕЗДОМНИЦИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по спроведениот попис, објави дека Македонија има 350 бездомни лица.

- Тоа е онаа бројка за која ние и претходно претпоставувавме дека постои, според резултатите од центрите во Визбегово, Чичино Село и другите. Овој пат пописот го потврди тоа, рече Шахпаска на денешната прес-конференција.

Таа наведе дека пописот на целокупното резидентно население од 1 април ќе биде безбеден и ќе се спроведува со почитување на протоколите, а податоците ќе бидат особено важни за министероството за труд и социјална политика.

Државниот завод за статистика на дневна основа информира за бројот на самопопишани наши иселеници. 

Велат дека во последното деноноќие се самопоишале нови 6.600 граѓани од дијаспората.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Продуктите што ги прави битолска Квасара лани донеле зголемен приход за 15 отсто во однос на 2019 година. Вкупната продажба надмина 7,6 милиони евра, а оперативната добивка е 206.000 евра

Неизвесни авиолинии во летниот ред на летање кој почнува на крајот на месецов, но и многу други предизвици се пред менаџментот на ТАВ Македонија. Воздухопловната индустрија беше една од најпогодените минатата година, а кризата се уште не е надмината.

Правото на здрава животна средина е загарантирано и како уставна категорија, но граѓаните и заедницата сѐ уште немаат конкретни правни алатки за заштита од загадување, уништување на природата и бидоверзитетот.

Поведена е претходна постапка за испитување на условите за отварање на стечајна постапка над  РЖ Институт АД-Скопје, соопшти друштвото денеска. Рочиштето поради изјаснување на предлогот за отварање на стечајна постапка е закажано на 20 април годинава.

Слично

Поврзани вести