Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се бара оставка од Фетаи, а за „Јавна соба“ откриен уште еден член

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се бара оставка од Фетаи, а за „Јавна соба“ откриен уште еден член

РОДНИНИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“ БАРААТ ОСТАВКА ОД ФЕТАИ

Се бара оставка од oбвинителката Фатиме Фетаи и разгледување на случајот „Монструм“ со странски мониторинг. За случајот ќе бидат известени амбасадите на САД и ЕУ. 

Стотици Албанци денеска протестираа во близина на зградата на Јавното обвинителство поради  судењето за случајот „Монструм" и барањето на обвинителката Фатиме Фетаи обвинетите да добијат максимални затворски казни за делото тероризам. Тие побараа оставка на Фетаи  и странски мониторинг на процесот. 

„Жалиме за убиените, сочувствуваме со семејствата, но треба да се откријат вистинските злосторници“, рече Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите.

Фетаи побара доживотен затвор за петмината обвинети. Обвинетите во „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, по извршувањето на петкратното убиство, побегнале од кај Смилковско езеро, користејќи ја „опел омегата“ и се упатиле на договореното место каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, рече Фетаи. 

Според неа, Хаки Азири знаел дека тројцата обвинети отишле да извршат некаква работа поради нерасчистени сметки, а потоа откако дознал што се случило, не кажал ништо. Фејзи Азири, пак, потоа помогнал во бегството.

ОТКРИЕН УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН НА „ЈАВНА СОБА“

Полицијата идентификуваше уште еден член на групата „Јавна соба“ каде се споделуваа експлицитни фотографии, но тој е на Малта. МВР очекува помош од тамошната полиција. Групата од вчера не постои.

Досега  се уапсени четири лица, две од Битола и по едно од Штип и Велес. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека се идентификувани и други членови и ќе има и нови апсења. Се појави „Јавна соба 2“, а според полицијата има и други слични групи на чие затворање се работи. 

За „Јавна соба“  прв пат се слушна лани, а овој случај во Обвинителството уште е во предистрага и се работи на вештачење на телефони и на барање докази за кривично дело. 

ДЕНЕС 302 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12,  Кавадарци – 12,    Тетово – 11,  Дебар – 8, Струмица - 6, Радовиш – 6, Делчево – 6,                    Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола -5  , Демир Капија – 4, Струга -3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3 , Неготино -2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево -2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово -1. 

Регистрирани се 444 оздравени пациенти од:

Скопје – 219, Тетово – 37, ,Гостивар – 26, Куманово – 21, Струмица – 20 , Кавадарци – 16, Штип – 14,  Велес – 14, Неготино – 13, Прилеп - 10, Гевгелија - 8, Берово – 6, Битола – 5, Делчево – 5, Кочани – 4 , Крушево – 4, Свети Николе -3 , Македонска Каменица -3, Охрид -2 , Дебар -2 , Крива Паланка – 2, Виница – 2, Демир Капија -2, Струга -1, Кичево -1 , Радовиш -1 , Македонски Брод – 1, Богданци – 1 , Дојран – 1 .

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет  пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.

КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Додека од Обвинителството за организиран криминал и корупција се уште не излегуваат со никакви детали околу случајот Еуростандард банка, со образложение дека може да се наштети на истрагата, а државата вели дека нема обесштетување за штедачите чии пари останаа заглавени во банката со влогови над 30.000 евра, на јавна сцена не престануваат препукувањата на релација штедачи - сопственици на банката - Народна банка.

„Комерцијална банка“ многу јако влезе во купување државни хартии од вредност. Лани во државните инструменти вложи 200 милиони евра и нивното ниво го зголеми за 92 отсто. За сметка на тоа нејзиното кредитирање лани стагнира и е на исто ниво од 2019 година. 

Сè уште е неизвесно дали од понеделник администрацијата ќе се враќа на работа како што беше претходно најавено. Имено, поради фактот дека состојбата со епидемијата е целосно под контрола и дека бројките на новозаразени со Ковид-19 од недела во недела се намалуваат, административците од 1. февруари треба да се вратат на работа со редовно работно време, без да го организираат работниот процес во смени или да ротираат.

Размислуваме за реално решение и за рестартирање на фабриката, но не по секоја цена, вели во интервју за Фактор генералниот директор на кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил, Јулијан Даскалов. 

Сведоштвото на младата девојка Ана за траумите кои и се случија по споделување на нејзина слика од Инстаграм во групата „Јавна соба“ на Telegram, но и неажурноста на институциите кои не преземале ништо за да го решат нејзиниот случај покажува дека се неопходни итни измени во Кривичниот закон. 

Слично

Поврзани вести