Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се бара одговорност за пасошот на Онишченко, а Обвинителството води постапка за 17 лица вмешани во инцидентот во Куманово

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се бара одговорност за пасошот на Онишченко, а Обвинителството води постапка за 17 лица вмешани во инцидентот во Куманово

СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПАСОШОТ НА ОНИШЧЕНКО

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да има одговорност за издавањето на македонско државјанство на украинскиот државјанин Олексндр Онишченко, кој што е на црната листа на САД. 

Тој е огорчен што институциите во Македонија дозволиле таков пропуст, а причините очекува да ги открие внатрешната истрага во Агенцијата за национална безбедност.

„Она што е обврска на Агенцијата за национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага внатре во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата секако на затворена владина седница, бидејќи тоа се сензитивни информации“, изјави Ковачевски.

17 ЛИЦА СЕ ВМЕШАНИ ВО ИНЦИДЕНТОТ ВО КУМАНОВО

Обвинителството отвори постапка за насилство во група во Куманово.

Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица.

„Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд. За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник.​“, велат од Обвинителството. 

ПОЛСКА МУ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЛАВРОВ

Полска му забрани влез на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, а Русија е гневна. За Москва ова е преседан. Велат дека со ова Полска се дискредитира себеси. 

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава, која одби да го пушти Лавров да влезе на нејзина територија каде требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.

Состанокот на 57 министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка на Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѓ, град во централна Полска.

Слично

Поврзани вести