ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ обвинува за аматеризам, а Мицкоски вели дека сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
СДСМ ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА ЗА ВЧЕРАШНОТО ГЛАСАЊЕ ВО ОН
Од СДСМ велат дека аматеризам во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ.
Велат дека вчерашното позиционирање на делегацијата на Северна Македонија во ОН во однос на гласањето по резолуциите на САД и ЕУ е скандалозно. Северна Македонија гласаше „воздражно“ за резолуцијата на ЕУ и беше единствена држава од Европа покрај Унгарија која не ја поддржа оваа резолуција.
Дополнително, како што велат од СДСМ, за декларацијата на САД, на која што нашата Влада и Мицкоски одлучија да бидат коспонзор, повторно Северна Македонија гласаше „воздржано“.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА СО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА СМЕ УСОГЛАСЕНИ СО ЕУ
Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски попладнево рече дека потегот во Обединетите нации не значи дека Македонија не била усогласена со надворешната политика на Европската унија, бидејќи резолуцијата не била таква.
Тој вели дека единствената резолуција, која како обврзувачка поминала во Советот за безбедност, е таа на САД, каде Македонија е ко-спонзор.НА ВЛАДА ПОМИНА ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски помина на Влада.
Предлогот по завршување на владините процедури, ќе биде доставен до Советот за јавни обвинители од каде во согласност со законските рокови, Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.
Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој е избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ МЕГА-ИНВЕСТИЦИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски најави мега-инвестиција. Станува збор за гасни централи за решавање на проблемот со загадување, нула денари приклучок на домаќинствата, над 1 милијарда евра инвестиции во енергетика.
Тој имале средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
