Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ објави уште кандидати за градоначалници, а од Авганистан ќе стигнат 780 луѓе

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ објави уште кандидати за градоначалници, а од Авганистан ќе стигнат 780 луѓе

СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ денеска на прес - конференција изјави дека во Тетово на локалните избори одат со доктор Хемдије Алезовиќ,  со Горан Сугарески во Прилеп, во Аеродром, со Александар Филиповски, во Сопиште со Сашо Стојановски, правник, во Јегуновце со актуелниот Дарко Блажевски. 

Во Свети Николе одат  со актуелниот градоначалник Сашо Велковски, во Карпош со Душко Весковски. 

Во Кавадарци одат со Горан Тодоров, дипломиран инженер по индустриска логистика, во Кратово е Влатко Бојковски, вработен во централната на СДСМ, дипломиран инженер по информатика, со Горан Крстев во Чешиново - Облешево, во Зрновци со Виктор Ангелов, во Илинден со бизнисменот Александар Тодоровски, во Демир Хисар со Стефче Митревски, инспектор во Инспекторат за земјоделство, во Ново Село со Ѕвонко Ангелов, во Велес со Ненад Коциќ, во Брвеница со Мирко Стојановски, актуелен градоначалник, кој ужива доверба. 

„Сите овие кандидати се убедливи фаворити на локалните избори“, вели Николовски. 

ОД АВГАНИСТАН ЌЕ ПРИСТИГНАТ 780 БЕГАЛЦИ

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.
„За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците“, истакна Арсовски.

ИЗВРШЕНА Е ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ

Утринава е извршена петтата трансплантација на срце во земјава. 

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека хируршката интервенција е завршена. Спасен е човечки живот и е подобрен квалитетот на живот на двајца други пациенти, со органите донирани од 42-годишна пациентка.

И ДЕНЕС ИМА ВИСОКА БРОЈКА НА ПОЧИНАТИ И ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 375, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица - 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес - 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица  – по 1.

Регистрирани сe 232 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Гостивар – 49, Тетово – 34, Куманово – 16, Струмица – 15, Кичево – 12, Дебар – 11, Битола – 7, Штип - 6, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Велес, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.

Пријавени се 29 починати лица:  6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).

ДАНЕЛА АРСОВСКА ВЛЕГУВА ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори објави денеска дека ќе се кандидира за градоначалник на Град Скопје како независен кандидат. Во видеото кое го сподели вели дека доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. 

Доаѓа крајот на политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот! Време е да се одбере - празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија, вели таа.

Вели дека од сите тие причини одлучила да делувам и да се кандидира за Градоначалник на Скопје како независен кандидат.

МЛАДО МОМЧЕ ОД ТЕТОВО ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Утринава во Клиничката болница Тетово, од компликации на корона вирусоот почина млад пациент, информира за Фактор, координаторот на Ковид-центарот, д-р Гзим Нуредини. Вели дека 21-годишното момче нема историја на коморбидитети.

-Во моментов на болничко лекување во тетовскиот Ковид-центар се згрижени 123 пациенти, од кои 8 се вакцинирани само со една доза, а 7 пациенти имаат примено две дози од вакцината против Ковид-19. И последното деноноќие беше навистина тешко. Примивме 17 нови пациенти, сите се со коморбидитети, невакцинирани против корона вирусот. Амбулантски се прегледани 188 пациенти, но најповеќе загрижува фактот што во изминатите 24 часа ни починаа 6 пациенти, меѓу кои и едно 21-годишно дете, младо момче. Беше донесено во многу тешка состојба. Целиот лекарски тим беше ангажиран околу него. Бевме во постојана комуникација со колегите од Инфективната клиника во Скопје. Момчето беше постојано на кислородна поддршка,а последните два дена беше ставени и на неинвазивна вентилација, но за жал почина. Официјално, од неговата здравствена историја, нема никакви коморбидитети. Сите починати не се вакцинирани, вели за Фактор, д-р Нуредини.

Тој осоебено потенцира дека пгромен број млади лица кашлаат, киваат, но во ниту еден момент не смеат да мислат дека тоа е поради престој во климатизирани простории.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во следните години ќе имаме поскапување на храната поради климатските промени кои донесоа топлотни шокови и суши.

Човекот кој беше вакциниран, но не доби решение за изолација и покрај тоа што имаше контакт со заразено лице од ковид, бидејќи се такви протоколите во земјава, сепак се заразил со коронавирусот. Дури откако добил симптоми и се тестирал, и откако тестот покажал дека е позитивен, овој граѓанин добил решение за самоизолација од Државниот санитарно-пазарен инспекторат.

Министерството за надворешни работи им ги исплати првите дневници на економските советници кои во рамките на дипломатската мрежа треба да ја промовираат земјата пред странските инвеститори. Илија Псалтиров, Абдилџемил Саити, Сузана Тунева и Бекри Ајдини првично добија од десет до триесет илјади денари за својата работа во Варшава, Минхен, Анкара и Дубаи, според податоците на „Отворени финансии“.

Оранжерии „Хамзали“ на домашниот пазар пласира оранжериски продукти во вредност од 3,77 милиони евра, а извозот го зголемил за 6 пати до износ од 129.000 евра. Компанијата на Васе Митев, кој воедно е газда и на Зомимак, голема струмичка фирма за трговија на големо со овошје и зеленчук, книжи солидна добивка и покажува дека за тој што знае како треба храната е на цена

Слично

Поврзани вести