ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ најави нов владин кабинет, неколку министри ќе бидат сменети
ЌЕ ИМА ПРОМЕНИ ВО ВЛАДАТА
Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова Влада, изјави утрово во Утрински брифинг вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на прашањето за оставката на Зоран Заев. Најави дека ќе има промени на министри, а за себе вели дека не е оптоварен со тоа дали ќе остане или не.
„Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ Влада, повторно Влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, вели Битиќи.
Нова влада или реконструкција на Владата подразбира преговори меѓу коалиционите партнери кои може да бидат комплицирани за распределба на нови ресори.
„Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, вели Битиќи.ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ОД СОФИЈА
Историјата да не биде единствен критериум за членство на Северна Македонија во ЕУ, порача копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија.
Вели дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Македонија. Петков кажа дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.
„Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим“, вели тој.ИМАМЕ НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје –215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка – по 24, Прилеп, Велес и Кочани – по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – 9, Кратово – 8, Штип и Демир Хисар – по 6, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово – по 5, Кичево, Ресен и Богданци – по 4, Гостивар и Струга – по 3, Струмица и Пехчево – по 2, Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран - по 1.
· Регистриран e 565 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Охрид, Кичево и Ресен – по 6, Дојран – 5, Берово, Делчево и Виница - по 4, Неготино, Струга и Свети Николе – по 3, Кратово и Радовиш – по 2, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод - по 1.КАСАМИ ЗАТЕКНАЛ 350 ХОНОРАРЦИ КОИ НЕ СЕ ЗНАЕ ШТО РАБОТАТ
Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами, по првичната анализа на работењето на општината под водство на претходничката Теиута Арифи констатирал дека има повеќе хонорарци отколку редовно вработени кои немале опис на работни задачи.
Ќе се постапува со преглед на договори на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа. Станува збор за вкупно 350 хонорарци, додека редовно вработени имало 340.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
