ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ најави кадровски промени, a Mицкоски вели дека Рамадани згрешил
СДСМ НАЈАВИ КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.
„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче.
Вели дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.
МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА РАМАДАНИ ЗГРЕШИЛ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, како голема грешка ја оцени изјавата на Хаќим Рамадани, кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Вреди.
Рамадани на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.ЖИТЕЛИ НА ДЕБАР ВИДЕЛЕ МЕЧКА ВО ГРАДОТ
Жители на Дебар во центарот на градот виделе мечка.
Здружението на ловци „Стогово“ од Дебар предупредува на загрижувачка појава на диви животни како што се мечки, диви свињи, волци и лисици во градот и во населените места.
Дивите животни се приближуваат до населените места и влегуваат во нив. Оваа појава претставува зголемена опасност за жителите во руралните подрачја, но и во градот.МАКЕДОНЕЦ Е ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ НА БРИТАНКА ВО ХОТЕЛ ВО ДУБРОВНИК
Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за Н.Н. 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.
Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиуми.
Според информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.