ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ ја критикува власта поради извештајот на ЕК, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Филипче дека игра бугарско сценарио
ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБВИНИ ФИЛИПЧЕ ДЕКА ИГРАЛ ПО БУГАРСКО СЦЕНАРИО
Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
РУСТЕМИ И САИТИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ги одбил жалбите на одбраните и го потврдил притворот на сега веќе поранешниот в.д. директор на Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, и на управителот за отпад во јавното претпријатие, Аки Саити, соопштија денеска од Судот.
Претходно, на 28 октомври, Кривичен го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи по 30 дена притвор на Рустеми и на Саити поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, на што нивните бранители вложија жалба, за која во оваа фаза од постапката одлучуваше Кривичниот совет на првостепениот суд.СВЕДОК КАЖА ДЕКА ДАЛ 500 ЕВРА МИТО ЗА ДА ДОБИЕ ТЕРАПИЈА НА ОНКОЛОГИЈА
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во Зрновци кандидатот за градоначалник од СДСМ, Ванчо Митев однесе победа со само 12 гласа разлика. Тој освои 691 глас, додека Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ освои 679 гласа.