ФАКТОР НА ДЕНОT: СДСМ бара оставка од Кочоска, таа бара случајот со Петровска да биде затворен
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.
„Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во влада која тврди дека работи за сите граѓани. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, рече Тренчевска.Гордана Димитриеска - Кочоска, министерката за финансии, не се извини по упатената навреда кон пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако на пратенички прашања во Собранието и рече дека таа „нема деца и не треба да коментира за семејната месечна потрошувачка кошничка“.
- Вчера бев многу јасна. Јас очекувам овој случај да биде затворен. Веќе изразив желење за целиот контекст. Таа самата го знае тоа дека немав намера никого да навредав. Таа глуми жртва откако претходно се искоординиралекако да настапат. Ниту една туѓа навреда кон мене нема да ме натера да навредувам. За мене таа тема е затворена и се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност.Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес, порача од Турција, македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој денеска е на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Декларацијата е потпишана при првата официјална посета на Мицкоски на Турција.