Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Савески и официјално стана државен јавен обвинител

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Савески и официјално стана државен јавен обвинител

САВЕСКИ И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Новиот државен јавен обвинител денеска даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите кажа дека неговата работа ќе биде согласно Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Савески се заблагодари за поддршката и коректните ставови во однос на неговата професионални аспекти. 

- Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене кои и додека ја давам оваа изјава ја работат својата работа. Нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во истите и заедно со нив сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, Устав и закон постапуваме ние јавните обвинители, изјави Савески.

Тој им се заблагодари своите довчерашни колеги судиите, судиите од Основниот кривичен суд Скопје, на Владата, која го предложи и пратениците кои го поддржаа. 

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕЛА

За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари!

Ова го посочуваат од Сојузот на Синдикатите на Македонија, од каде додаваат дека „зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“.

- Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382 денари е зголемена за 436 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193 денари.

САУДИСКА АРАБИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН

Саудијците губат трпение и може да извршат напади врз Иран.

Земјата објави дека по иранските напади во текот на ноќта, „дури и онаа мала доверба што постоеше претходно е целосно уништена“.

„Саудиска Арабија го задржува правото да дејствува воено против Иран и секоја доверба во односите со Техеран е нарушена“, изјави саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал-Сауд.

Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад синоќа имаше неколку експлозии.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

АД Адинг Скопје во 2025 година остварил раст на приходите и позитивен финансиски резултат, покажуваат консолидираните финансиски извештаи на компанијата за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, покажува извештајот објавен на Македонска берза.

Луѓето кои сакаат да се преквалификуваат, треба добро да размислат што сакаат да работат во иднина, да го истражат пазарот, да размислат за своите афинитети, да планираат каде би работеле откако ќе стекнат нови знаења.


Слично

Поврзани вести