ФАКТОР НА ДЕНОТ: Самсоненко и сопругата се ставени на „црната листа“ на САД
НОВИ ИМИЊА НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ НА САД
Американското Министерство за финансии денеска стави неколку нови лица од Западен Балкан на црна листа поради корупција. На листата се најде рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина.
Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека Самсоненко има двојно државјанство, на Русија и Македонија.
На црната листа на САД, поради корупција, претходно се ставени екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, екс премиерот Никола Груевски и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.ЗЕМАЛЕ ПЛАТА, А НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА
Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани ќе биде прераспределена на друго работно место откако објави уште еден скандал поврзан со работењето во Заводот.
Од Министерството за здравство попладневно на кратко објавија дека Шабани доставила до Министерството известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот.
ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ
Почина една од најголемите македонски актерски легенди Мето Јовановски на 76 години.
Неговите најпознати улоги се тие во безвременските филмски остварувања „Тетовирање“, „Среќна нова 49-та“, „Пред Дождот“, итн.
Јовановски заврши Театарска академија во Софија во 1971 година и од тогаш станува еден од најдобрите македонски актери.ПОСТАВЕН КРСТ НА ПОПОВА ШАПКА, ИМА РЕАКЦИИ
Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) велат дека поставувањето на крстот на Попова Шапка е договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.
Партијата жестоко реагира на поставувањето на 15-метарски крст во Туристичкиот центар „Попова Шапка“ и бара одговорност од општина Тетово што го дозволила овој скандал. Тие велат дека ова е договор затоа што ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори даде поддршка на БЕСА во Тетово.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
