ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сали и Хоџа положија заклетва – Собранието избра двајцата нови министри
САЛИ И ХОЏА СЕ НОВИТЕ МИНИСТРИ
На денешната пленарна седница, Собранието ги усвои измените во составот на Владата, со кои Беким Сали е назначен за нов министер за европски прашања, како и Мухамет Хоџа за нов министер за животна средина и просторно планирање.
„Изразувам посебна благодарност за посветеноста на Орхан Муртезани, кој за време на неговиот мандат како министер за европски прашања даде незаменлив придонес во унапредувањето на процесот на европска интеграција и унапредувањето на реформската агенда на земјата.
Воедно, искрено им посакувам многу успех во извршувањето на функцијата на новоименуваните министри, Беким Сали и Мухамет Хоџа, со очекување дека своите одговорности ќе ги извршуваат со висок професионализам, интегритет и посветеност во служба на јавниот интерес и на граѓаните“, вели спикерот Африм Гаши.УДВОЕНИ СЕ КАЗНИТЕ ЗА „МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА“
Наместо казната затвор од една и пол година што ја изрече Основниот суд во Тетово, двајцата поранешни директори на Клиничката болница во Тетово ќе отслужат по три години затвор.
Апелациониот суд во Гостивар донесе одлука со која ги удвои затворските казни за Флорин Бесими и Артан Етеми, во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.ПАЛЕВСКИ И СОУЧЕСНИЦИТЕ БАРААТ УКИНУВАЊЕ НА КАЗНАТА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР
Неправосилно осудениот Љупчо Палевски и тројцата соучесници во грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годиниот Панче Жежовски од Велес, поднесоа жалби против доживотните затворски казни, пренесува СДК.мк.
Според информациите на порталот, тие од Апелациониот суд Скопје не бараат ослободителни пресуди, туку укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката отпочеток, во Кривичниот суд Скопје.БУГАРИЈА ПОНУДИ ПОМОШ ВО МАЗУТ, МАКЕДОНИЈА ОДБИ
Бугарија понуди помош во мазут. Македонија одби, па и понуди на Бугарија возвратно: ако вам ви треба мазут, тука сме. Ден по прогласената кризна состојба поради недостиг на мазут во земјава, двете држави утрово комуницираа меѓу себе.
Иако Македонија ќе ги троши државните резерви на мазут за да произведе струја, Владата смета дека во моментов земјава не се наоѓа во ситуација, во која има потреба од ваков тип на помош.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Африм Гаши
