Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сакаме воздух - порачаа граѓаните на протестот во Аеродром

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сакаме воздух - порачаа граѓаните на протестот во Аеродром
СЕ ОДРЖА УШТЕ ЕДЕН ПРОТЕСТ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ

Скопјани попладнево повторно протестираа поради загадувањето на воздухот, поради пожарите на Дрисла и Вардариште. Тие се собраа во Аеродром за да го изразат револтот.
AНГЕЛОВ ВЕЛИ ДЕКА ДРИСЛА Е ЛЕСНО ДОСТАПНА ЗА ЗЛОНАМЕРНИЦИ

Полицијата ќе испитува дали вработени во Дрисла или пак надворешни лица имаат удел во пожарот што веќе неколку дена гори на депонијата, најави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. 

Тој посочи дека вечерва или најдоцна утре ќе биде затрупана со земја површината на која сега чади, заради што е донесена дополнителна механизација. 

- Како главен штаб веќе два дена сме во Дрисла, каде настана тежок пожар. Чадењето е активно и денеска, од она што можам да го кажам денеска е значително намалено. Делумно е затрупан делот каде што чади, но и натаму има чад. Моментално се пробиваат два нови патишта каде што ќе може да дејствува механизација. 
AЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

Александар Трајановски на Фејсбук објави дека ја прифаќа кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Вели дека по 8 години активно работење во Советот на Град Скопје, со бројни иницијативи, предлози и проекти со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови, како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа, денес е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.

ЖИКА СТОЈАНОВСКИ САКА НОВ МАНДАТ ВО ИЛИНДЕН

Поранешниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски повторно ќе ја бара довербата на жителите, овојпат како кандидат на СДСМ. 

Претходно, во четири мандати беше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а на минатите избори, беше независен кандидат. 

СДСМ, освен Стојановски, објави уште тројца други кандидати, а по одлуката на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Раното откривање на канцер не е „луксуз“, туку здравствена и финансиска неопходност!

По изнесените намери на „АЛТА БАНКА“ АД Белград за преземање на македонската банка „Стопанска банка“ АД Битола, пристигна и конкретната понуда до малите акционери.

За оние кои планираат да дадат отказ, има финансиски совет кој упатува на тоа дека лицето кое сака да ја напушти работата треба да размисли дали има пари за животните трошоци за следните три до шест месеци додека да најде нова работа.

Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика се зголеми и полето на активности на Владата изминатите месеци. Сега со доделени овластувања ги одобрува, односно не ги одобрува големите енергетски проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори со над 10 мегавати моќност.

Не еден тендер поделен на седум дела, четири компании ќе си поделат над 3 милиони денари или 52 илјади евра за тонери и кертриџи за потребите на Собранието.

Слично

Поврзани вести