ФАКТОР НА ДЕНОТ: САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија
САД И МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА ТРГОВИЈА
Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Брлата куќа.
- Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство, се наведува во зaедничката изјава.
Клучните услови на Договорот ќе вклучуваат:
• Северна Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки извезени во Северна Македонија.ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСТРАЖУВА КОЈ ЈА ЗАГАДУВА ВОДАТА ВО СТРУГА
Една недела од чешмите во Струга тече темнокафеава, заматена вода, а граѓаните се под целосна забрана да ја користат – не само за пиење и готвење, туку и за лична хигиена.
Во ваков контекст, директорот на ЈП „Водовод“ Струга, Меџијаит Јусуфоски, денеска поднесе оставка, наведувајќи „морални причини“ и оценувајќи дека станува збор за „голема катастрофа“ со директен ризик по здравјето – особено за училиштата, градинките и децата. Тој рече дека е 43 години во претпријатието и дека не памети вакво заматување, додавајќи дека како в.д. директор неговите надлежности „се до тука“.ЖЕНА КОЈА Е ЗАВЕДЕНА ДЕКА ПОЧИНАЛА ПРЕД ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ЛАНИ РОДИЛА ДЕТЕ
Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче.
ЦВЕТА РИСТОВСКА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ВО ДКСК
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Оставката е доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во дописот до Собранието, Ристовска наведува дека оставката ја поднесува согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите.
„По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка“, стои во писмото.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
