ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина
РУСТЕМИ И САИТИ ОДАТ ВО ПРИТВОР
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ И АМАР МЕЦИНОВИЌ СЕ СООЧИЈА НА ТВ ДУЕЛ
Kaндидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва во дуелот на Канал 5 со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ изјави дека на овие локални избори изненади слабиот одѕив на гласачи.
Кажа дека досега немало толкава разлика од 60.000 гласови во корист на еден кандидат.
И Мециновиќ кажа дека како човек кој е роден во 1996 година е изненаден. Вели дека луѓето се индиферентни и затоа излезноста е слаба. Верува дека многу граѓани ќе се охрабрат и ќе излезат во вториот круг да гласаат.
Ѓорѓиевски објасни дека е дипломиран политиколог кој работел во приватен сектор, а имал и свој бизнис.
Мециновиќ кажа дека бил на политички студии, а студиите биле на пауза бидејќи морал да работи. Кажа дека работел во кол центри, како новинар, правел истражувања и слично.ВЛАДАТА ГО СКРОИ БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА
Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП, со Предлог-буџетот за 2026 година, усвоен денеска на седница на Владата.
Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра), соопшти денеска министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска.
- Предлог буџетот за 2026 ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација, истакна министерката на прес-конференција додавајќи дека ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
