Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русковска вели дека не е суспендирана таа, туку правдата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русковска вели дека не е суспендирана таа, туку правдата

РУСКОВСКА ВЕЛИ СУСПЕНДИРАНА Е ПРАВДАТА

Вилма Рускоска, главната обвинителка за организиран криминал и корупција, денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за решението за дисциплинска постапка и суспензија и пред медиумите рече дека кога така се постапува со неа, тогаш тоа значи блокада за работата на другите нејзини колеги. 

Пред новинарите рече дека ќе биде внимателна во давањето изјави за да не биде тужена за клевета и дека дека е суспендирана само поради кривичната пријава која против неа ја поднел Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција.

- Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на право и правдата.  Моите предмети нема да продолжат со несмален интензитет, како што рекоа. Не верувам дека некој сега ќе постапува по истите, изјави Рускоска.

ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА

Четворица малолетници се тешко повредени откако со форд мондео во раните утрински часови се забиле во метална канделабра и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, порано познат акко „Водњанска“ во Скопје.

- На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул."Мајка Тереза", со ул."Тодор Александров" и ул."Белградска" патничко моторно возило "форд мондео" со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, информираат од полицијата. 

ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПАСИ ЖЕНА КОЈА САКАЛА ДА СЕ САМОУБИЕ

Градоначалникот на Велес  Марко Колев спаси од самоубиство мајка што загубила дете во сообраќајка. 

Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Референдум како рецепт за стопирање на штетните последиците од прифаќањето на т.н. француски предлог со кој треба да се откочи членството во ЕУ и притоа да се прифатат дел од барањата на Бугарија за отстранување на ветото или алатка за опозицијата да продолжи да врши притисок врз власта и на тој начин да го канализира револтот на македонскиот народ.

Македонските граѓани лани кај најголемите три брендови со брза храна пазареле за повеќе од 9 милиони евра! Најуспешната од најголемите фирми за кетеринг и брза храна лани остварила профит од 676.000 евра. Двата големи американски ланци за брза храна во Македонија лани завршиле со загуба од работењето. Генерално стапката на профит кај компаниите за кетеринг се движи од позитивна нула до 8%

На две недели од стартот на новата учебна година, учениците, родителите, па и наставниците повторно се соочуваат со истите проблеми. За првачињата, како и учениците во воторо четврто и петто одделение на почетокот ќе нема учебници, додека, како што велат соговорниците на Фактор, останатите, односно учениците од трето, шесто, седмо осмо и девето одделение ќе учат од „распаднати и распарталени“ учебници.

Колкави ќе бидат годинешните приноси на пченица се уште е енигма, но упатените укажуваат дека со сигурност нема да бидат натпросечни поради временските услови, односно високите температури кои ја зафатија земјата и кои негативно влијаат на приностите.

Дали законите во државава секаде еднакво се почитуваат, или некаде и не баш толку многу како на поголемиот дел од локациите.

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО конечно во годишниот извештај за работата во 2021 ги објави сумите од фактурите кои ги испорачал годинава до снабдувачите со електричната енергија кои лани направија големи отстапувања кога настапи енергетската криза. Овие фирми наместо да купуваат скапа електрична енергија навреме, количините кои им недостигаа ги надополнуваа од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. 

Слично

Поврзани вести