ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русковска ќе се жали, во меѓувреме Лиле Стефанова ќе ја заменува
СТЕФАНОВА ЌЕ ЈА ЗАМЕНУВА РУСКОВСКА
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако државниот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата. Додека трае суспензијата ќе ја менува обвинителката Лиле Стефанова.
СИМОВСКИ ВЕЛИ ВАЛИДНА КАТЕГОРИЈА Е САМО РЕЗИДЕНТНОТО НАСЕЛЕНИЕ
Единствена валидна категорија е резидентно население, вели директорот на Државниот завод за статистика(ДЗС), Апостол Симовски, откако се појави информација дека во јавниот сектор третина од вработените треба да бидат Албанци, и тоа не соодветставува со податоците од пописот.
„Тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат“, вели Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при усогласување на податоците за алатката „Балансер“.
На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.АРМИЈАТА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ
На Денот на Армијата – 18 август, вечерва се одбележува јубилејот на Армијата „30 години Армија“.
Организиран е целовечерен настан на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“.
Следува презентација на најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
