ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рот вели дека уставните измени се болни, но неопходни за Македонија
РОТ ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ НЕОПХОДНИ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот со кого зборуваа за уставните измени.
Рот рече дека уставните измени се болни, но неопходни. Тој пред пратениците порача дека е дојден да ги охрабри да ја вратат Македонија на вистинскиот пат.
„Ова не е вистинско време за меѓусебни уцени. Сега зборуваме за промена на Уставот, каде станува збор за бугарското малцинство и други прашања, кои произлегуваат од долги, тензични и контроверзни преговори со ЕУ, особено со Бугарија и мојата главна интенција е дека можеме да ги забрзаме преговорите помеѓу ЕУ и Македонија, бидејќи Македонците заслужуваат членство што е можно побрзо“, рече Рот.ЗУДИ КОКА ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР НА МЕПСО
По внатрепартиски расправии, од функцијата генерален директор на МЕПСО е разрешен поранешниот пратеник Сурија Рашиди.
Веста Рашиди ја примил во Брисел додека бил во официјална посета, спорет телевизија Клан М. Разрешувањето на Рашиди се очекува да помине во управниот одбор на АД МЕПСО, додека Клан М дознава дека наместо Рашиди се очекува да биде именуван Зуди Кока од истата партија - Алијанса.ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ГО КРИТИКУВА ПОТЕГОТ НА ПЕРО АНТИЌ
Лидерот на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски денеска преку фејсбук статус распали по еден од најдобрите македонски поранешни кошаркари во земјава и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, откако тој вчера, како што објави и Фактор, му подари патики со четири „С“.
„Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Нови блок трансакцсакции се случиле вчера со акциите на фармацевтската компанија „Реплек“.
