Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ромите протестираа против „Безбеден град“, Мицкоски се закани со жесток одговор за нарушување на мирот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ромите протестираа против „Безбеден град“, Мицкоски се закани со жесток одговор за нарушување на мирот

МИЦКОСКИ СЕ ЗАКАНИ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР АКО ИМА НАРУШУВАЊЕ НА МИРОТ

МВР интензивно започна со одземање на возилата на сите оние кои биле фатени како управуваат без возачка дозвола, по што синоќа во неколку градови граѓани од ромска националност одржаа протести, а премиерот Христијан Мицкоски денес најави жесток одговор по вчерашото палење оган поради „Безбеден град“

- Ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи, кажа премиерот за протестите на дел од граѓаните од ромска националност

За протестите и блокадите на неколку патишта во земјава од страна на граѓани од ромската заедница и критиките кон проектот „Безбеден град“, премиерот Христијан Мицкоски вели дека утрово разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и побарал од него да биде санкциониран секој оној кој јавно упатил закани и го загрозил мирот и безбедноста.

СЕ ОДРЖА ПОДГОТВИТЕЛНО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „КРМЗОВ“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа подготвително рочиште за случајот „Крмзов“. Во процесот, институциите гонат десет физички лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и 14 правни лица обвинети за даночна измама.

Како што тврди Обвинителството, незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по нереално високи цени, со што од Управата за јавни приходи(УЈП) бил исплатен незаконски поврат на ДДВ во износ од 1.348.996.831 денар или 21,9 милион евра.

ССМ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска во Собранието поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80 проценти. 

Од ССМ побараа од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, ќе собрат 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени на Законот. ССМ бара кога веќе пратениците не го гласаат Законот за раст на минималната плата, тогаш да се солидаризираат со работниците и да си ги намалат своите плати за 78 проценти, онолку колку што ги зголемија во април 2023 година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Превозниците кои носат мебел од една до друга локација, цените ги дефинираат зависно од километрите, од тоа колку време ќе се задржат или што треба да се превезе. Во Скопје услугата чини малку поскапо за разлика од внатрешноста. 

Платформата за „споредба на податоците од банките и штедилниците за кредитите и депозитите за физичките лица“ на Народна банка дава можност на дневна основа да се види кои комерцијални банки во земјата нудат најголеми камати за штедните влогови на граѓаните.

Слично

Поврзани вести