Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ристоска тврди дека „Талир 2“ ѝ беше одземен за да се избегне конфискацијата на Белата палата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ристоска тврди дека „Талир 2“  ѝ беше одземен за да се избегне конфискацијата на Белата палата

РИСТОСКА СЕ ЈАВИ СО СТАВ ЗА „ТАЛИР 2“

Поранешната специјална јавна обвинителка Ленче Ристоска вели дека предметот „Талир 2“ ѝ е одземен за да се избегне конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како Белата палата, додека прашањето за ослободувањето на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, според нејзе било во втор план за владејачката партија. 

Како што додава таа, сега клучното прашање е дали обвинителството ќе поднесе жалба и дали ќе се бара од Апелациониот суд да се произнесе по однос на конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакција објавена на Фејсбук, по вчерашната ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и одбивањето на барањето за конфискација, Ристоска посочува низа околности што, според неа, не биле опфатени со јавно објавеното образложение на судот, поточно судијката што ја донесе пресудата, Даниела Алексовска-Стојановска.

Ристоска, потсетува дека таа го започна предметот и го застапуваше седум и пол години, сè до април годинава кога државниот јавен обвинител Ненад Савески ѝ го повлече овластувањето за застапување. Набргу потоа таа поднесе оставка од обвинителската функција.

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ЗАМИНА ДА ЈА ОТСЛУЖИ КАЗНАТА ЗАТВОР

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

„Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош.

АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ КАЗНИТЕ ЗА ПАЛЧО, МАНЕВ, ВИДЕВСКИ И КЕШИШЕВ, А ТАТКОТО НА ВАЊА ОДИ НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ

Aпелација ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.

Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и предметот го врати на повторно судење. Апелација ја укина неговата ослободителна пресуда и наложи предметот повторно да се разгледува пред Основниот кривичен суд.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Владата на вчерашната редовна седница разгледувала, но не донела мерки за евентуално намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата чии што цени повторно се движат кон претходниот пик.


Слично

Поврзани вести