ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реорганизацијата на министерствата ќе се носи по скратена постапка
РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВАТА ЌЕ СЕ НОСИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Собранието го почна процесот на реорганизација на министерствата. Со 74 гласа за и 24 против се изгласа потребата по скратена постапка да се носат измените на законот за организација на државната служба, со кој се предвидува укинување на дел од постоечките министерства, дел ќе бидат реорганизирани , а се воведуваат и четири нови.
За Христијан Мицкоски како предлагач на законските измени ова е последниот чекор до формирање на реформската влада. Ги повика сите пратеници да дадат поддршка за ваквите измени кои ќе ги направеле институциите функционални.
ПОТВРДЕНИ ЧЕТИРИ КАНДИДАТУРИ ЗА ЛИДЕР НА СДСМЧетири кандидати ќе се тркаат за прв човек на СДСМ. Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за лидер на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, соопшти партијата.
„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски. Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот. Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, соопшти СДСМ.ГАШИ СЕ КОРИГИРАШЕ, КОСОВО Е ТАТКОВИНА НА НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ
Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска преку соопштение објавено преку фејсбук-статус објаснува дека: „Северна Македонија е мојата татковина, а Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
