Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции за Законот за легализација на дивоградби, помалите партии бараат Пендаровски да не го потпишува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции за Законот за легализација на дивоградби, помалите партии бараат Пендаровски да не го потпишува

ИМА БУРНИ РЕАКЦИИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

Петмина пратеници од помалите политички партии, кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство, ја алармираа јавноста и му пишаа ургентно писмо на шефот на државата Стево Пендаровски, да не го потпишуува Законот за легализација на дивоградбите, кој вчера го изгласа Собранието. 

Станува збор за двајца пратеници на Либерал-демократската партија, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, двајца пратеници од ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, како и пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. 

Всушност, станува збор за Барање да не се потпише указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

БУГАРИЈА НЕ ЈА МЕНУВА ПОЗИЦИЈАТА КОН МАКЕДОНИЈА

Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи рече дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

„Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот“, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

ИМА 150 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево - по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 487 оздравени пациенти од:

Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, Прилеп и Охрид – по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево - 18, Штип и Кочани – по 13, Велес и Струга – по 9, Тетово и Гостивар – по 8, Виница, Берово и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Дебар и Неготино – по 5, Пехчево – 4, Ресен и Гевгелија – по 3, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 2, Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија - по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица. 

ОБВИНЕНИЕ ЗА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ И ЧЕТИРИ ДРУГИ ЛИЦА

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопшти ОЈО ГОКК. 

На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ, обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, од чл.273 ст.1 од КЗ, додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик.

Екс премиерот Никола Груевски  тврди дека го местат за новото обвинение кое е поднесено против него. 

Тој иако е во Унгарија, каде доби политички азил, сепак постојано реагира за сите случаи кои се поврзани со него. Пишува дека со неколку уценети сведоци премиерот Зоран Заев продолжувал со политички прогон и терор врз неистомислениците. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако почна пандемијата на коронавирусот, беше турбулентно и за дадилките кои се грижат за чување и воспитување на деца.

Нови и надежни лица или добро познати и не баш свежи ликови. Кој се ќе ги заслужи највисоките позиции на владејачкиот Социјалдемократски сојуз ќе се знае многу бргу. Најголемата партија во власта, СДСМ, на Конгресот кој е закажан за недела, 16 мај, ќе ги избере своите раководни органи.

Двесте акции кои се 0,77 отсто од Реплек АД Скопје беа истргувани вчера во блок трансакција. Една акција во блокот чини 90.133 денари, а купувачот за акциите плати над 18 милиони денари (293.115 евра). 

Асимптоматското прележување на Ковид-19 во детската возраст беше привилегија во претходниот период, но не и во третиот бран на вирусот, вели во денешното интервју за Фактор, проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести. 

И покрај бројните ограничувања врз угостителскиот сектор од кој директни последици трпат и производителите на пива и сокови „Прилепска пиварница“ покажа дека е омилен избор на Македонците. 

Слично

Поврзани вести