ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции за црната листа на САД – се бара Собранието да го донесе законот за рестриктивни мерки
И ДЕНЕСКА ТОП ТЕМА Е ЦРНАТА ЛИСТА НА САД
Експерти за Фактор објаснуваат дека Македонија веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, на собраниска седница која била одржана на 2 април 2021 година.
Законот е потпишан од претседателот на државата и објавен во Службен весник.
Во овој закон, како што објаснуваат познавачите, е предвидена можноста домашен надлежен орган, како што се Министерството за правда, Јавното обвинителство или некој суд, да испратат Замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава, според членот 16.ДКСК ОТВОРА НОВИ ПРЕДМЕТИ
Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.
Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.РЕВИЗИЈАТА ИМА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА КЛИНИКАТА ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ
Финансиските извештаи на две сметки на Клиниката за очни болести за 2022 година се прикажани објективно и вистинито и тие се во согласност со релевантните закони и воспоставената пракса, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во најновиот Ревизорски изшвештај што го објави денеска.
Сепак, ревизорите констатирале дека постои несразмерен однос помеѓу бројот на реализирани редовни и итни прегледи, разлики помеѓу пресметаната партиципација и висината на наплатените приходи од здравствени услуги, но и несоодветна примена на Законот за јавни набавки при постапките на спорведувањето на јавните набавки.ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска за ТВ21 изјави дека нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите за Армијата вредна 230 милиони евра, која стана предмет на Државната комисија за спречување на корупција.
„Нема ништо спорно околу оваа набавка. ДКСК има право да истражува доколку има сомнежи и да отвори предмет. Постапката е спроведена согласно закон. Јас ги поздравувам напорите на Антикорупциската комисија, и јас како министерка и целото министерство ќе соработуваме целосно и ќе ги доставиме сите документи кои ќе помогнат во истрагата. Набавката е во согласност со законот за набавка во одбраната на безбедноста“, рече Петровска.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
