ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции во Европа за барањата на Бугарија, Меркел ќе бара решение
ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ПРОТИВ БАРАЊАТА НА БУГАРИЈА
Чешка и Словачка го блокираа усвојувањето на заклучоците за проширување на Западен Балкан во Советот на ЕУ бидејќи не се согласуваат со текстот во нацртот кој се однесува на Северна Македонија, објави на Твитер новинарот Ернест Бунгури.
Овие заклучоци за процесот на проширување вчера ги усвои Европската унија на ниво на амбасадори. Двете земји-членки не ставија министерски потпис со што заклучоците не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја од членките.
Причината на Чешка и Словачка за одбивањето да се стави потпис на заклучоците е вметнувањето во заклучоците на реченицата за „погрешно толкување на историја“.МЕРКЕЛ ЌЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ
Германската канцеларка Ангела Меркел е во контакт со бугарскиот премиер Бојко Борисов и вели дека очекува деновиве да се реши прашањето со пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Меркел овие оптимистички најави ги даде во одговор на прашање на претседателот на Комисијата за европски прашања на Бундестагот, Гинтер Крихбау, кој зборуваше за злоупотреба од страна на земјите-членките кон земјите-кандидати за да си промовираат билатерални прашања.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера попладне ги усвоија заклучоците за пропишување со Западен Балкан, откако во нацрт-текстот беше вметната реченицата „погрешно толкување на историјата“, на што инсистираше Бугарија како компромис за да го одблокира нивното донесување.
Германското претседателство предложи нов текст кој го вклучува барањето на Бугарија.МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС
Четириесетгодишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска ја изгуби битката со Ковид -19, информираа денеска од Унијата на ЗМСТАС. Таа е најмладата медицинска сестра која го изгуби животот како последица на новиот коронавирус. Ирена била вработена во Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје.
„Таа беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски. Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности.“ - изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.31 ПОЧИНАТ И 657 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14.
Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Коронавирусот сепак не ги спречи Србите да ја посетат Македонија и во време на пандемија.
